| четврток, 6 декември 2018 |

Гутериш ги пофали напорите на Турција за сириските бегалци

бегал

Високиот комесар на ОН за бегалци, Антонио Гутериш, ги пофали напорите што Турција ги прави за сириските бегалци.

Вчера Гутериш го посети најголемиот камп под шатори во Турција со капацитет од 35 илјади луѓе, во регионот на градот Суруч, во југоисточна Турција. Кампот е изграден од турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни ситуации.

Гутериш посети училишта, магацини и спортски центри во кампот и разговараше со некои сириски бегалци. По посетата на кампот во Суруч, Гутериш замина за соседниот округ Газиантеп, каде што се сретна со градоначалникот на Газиантеп, Фатма Шахин.

Според него, ако Турција не е толку „великодушна“ кон Сиријците, последиците од кризата во Сирија ќе беа уште поголеми за целиот регион.

Благодарение на поддршката на Турција беше избегната уште поголема нестабилност во регионот. Политиката на Турција беше правилна, нагласи Гутериш, кој беше во посета на Турција од 17 до 21 јуни.

Според податоците на високиот комесаријат на ОН за бегалци, во Турција се наоѓаат 1,8 милион сириски бегалци

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top