| четврток, 6 декември 2018 |

Нормализацијата меѓу Белград и Приштина утре на маса кај Могерини како услов за отворање на европските поглавја

belgradpristinaЗаедницата на српските општини, енергетиката, телекомуникациите и „Паркот на мирот“ на мостот во Косовска Митровица, ќе бидат главни теми на дијалогот на премиерско ниво, меѓу Александар Вучиќ и Иса Мустафа, за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина утре во Брисел.

Разговорите на Александар Вучиќ и Иса Мустафа ќе се водат во кабинетот на Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ. Таа според информациите била свесна дека не е реално да се очекува затворање на сите прашања за еден состанок, но дека ќе инсистира на затврање на барем две точки. Од напредокот во дијалогот зависи отворањето на првите поглавја за пристапување на Србија во ЕУ, а на барање на Германија тоа би било поглавјето 35- односно нормализација на односите Белград и Приштина.

Околу првата тема, Заедницата на општините, Косово до сега одбиваше да разговара, нагласувајќи го прашањето како дел од внатрешното уредување, а Заедницата да нема никакви извршни овластувања. Но, како јавуваат српските медиуми, според Договорот, таа би имала значајни надлежности во сферата на здравството, образованието и другите области важни за животот на српското население во Косово.

Околу телекомуникациите неколку пати стануваше збор, на повеќе нивоа, но главна препрека е прашањето за меѓународниот телефонски повикувачки број и работата на српските мобилни оператори. Всушност, Белград нуди да побара уште еден повикувачки префикс за Косово, додека Приштина инсистира тоа да го стори трета страна- односно Австрија.

Прашањето за енергетика се однесува за акумулацијата Газивода и трафостаницата Валач, а главниот проблем е што поголем дел од енергетските постројки на северот на Косово, кои Приштина ги сака под своја надлежност, се наоѓаат на територијата на Србија. Вучиќ неколку пати до сега нагласуваше дека предавање на инсталацијата како и Газивода не доаѓа предвид, додека Приштина инсистира на потполна контрола.

ПОследното прашање е мостот кој ги спојува северниот и јужниот дел на Митровица, на кој локалните срби ставија жардињери и го нарекоа „Паркот на мирот“. Приштина тврди дека со тоа се крши слободното движење, додека од друга страна се тврди дека отворањето на мостот би предизвикал безбедносен проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top