Премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас, кој исто како и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, го откажаа учеството на летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Недоаѓањето на Ципрас, новинарските кругови во Стразбур го протолковаа како знак, дека најверојатно Грција и Европската Унија денеска ќе најдат компромис за грчкиот долг.
На парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа ќе им се обратат, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун, претседателот на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, како и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ. На сесијата ПССЕ ќе го разгледува поништувањето на претходно ратификуваните акредитации на Делегацијата на Руската Федерација, функционирањето на демократските институции во Азербејџан, ситуацијата во Унгарија, а актуелна тема ќе биде потребата од заеднички европски одговор на предизвиците на миграцијата.
Во текот на сесијата, на еден од состаноците на Мониторинг комисијата ќе бидат избрани и двајца нови известители за Република Македонија, кои ќе го продолжат дијалогот за следење на исполнувањето на обврските кои нашата држава ги преземалапри зачленувањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Парламентарното собрание ќе ја одбележи 60-годишнината на наградата Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.