| четврток, 6 декември 2018 |

Автобус полн со туристи излета кај Белград – еден загинат, шеесетина повредени

630812_autobus-1_ffЕден загинал, а 61 патник се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во 4.10 часот кај местото Бубањ Поток кога автобус излетал од автопатот Ниш-Белград.

Според информациите од српските медиуми, 15 до 20 луѓе биле потешко повредени. Во автобусот  имало 86 патници, кои се враќале од летување во Полихроно, Грција.

Од 60 повредени 10 биле деца, од кои едно имало потешки повреди. Според информациите на РТС, загинатиот патник е жена, но идентитетот сè уште не е познат.

Несреќата се случила од засега непознати причини кога автобусот ја пробил банкината и излетал од патот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top