Старо-нов градоначалник на единствената македонска општина во Албанија е Едмонд Темелко, кому ова е му е трет мандат на оваа функција, јави МИА.
Темелко беше кандидат на единствената партија на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). За него гласале 2.076, додека за неговиот противкандидат Михалаќ Апостоловски од Демократската партија, 488 гласачи. Темелко беше единствен кандидат од МАЕИ за градоначалник.
Потврдувајќи ја веста, генералниот секретар на МАЕИ Васил Стерјовски се заблагодари на жителите на Пустец што дадоа максимална поддршка, пред сè, за македонската партија со што и во наредните четири години општината ќе ја раководи МАЕИ.
Едмонд Темелко е роден во Пустец во 1972 година, по занимање е дипломиран ветеринар. Првпат за градоначалник е избран во 2007 година, по вторпат 2011 година. За лидер на партијата е избран во 2009 година, а беше реизбран на Конгресот во 2013 година.
Од партијата се надеваат дека и во Советот на Општина Пустец ќе имаат мнозинство. Советнички места очекуваат во повеќе општини. Со свои листи за советници партијата учествуваше во 16 од вкупно 61 општина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апелација му го врати пасошот на Едмонд Темелко
-
Пуштањето на Темелко од Шутка е заедничка победа: Следната недела голем протест на ВМРО – ДПМНЕ против сите неправди
-
Нечовечки однос на власта: Продолжен притворот на Едмонд Темелко за уште 30 дена
-
Светскиот Македонски Конгрес со осуда до СЈО: Бараме безусловно помилување за Едмонд Темелко