Во босанскиот град Зеница граѓаните, прво преку социјалните медиуми, за потоа и преку печатените медиуми, алармираат за однесувањето на „постар господин“ кој заведува девојки.
На почетокот, како пренесуваат медиумите, совесните граѓанки се обидувале да му помогнат на „господинот во неволја со автомобилот“. Измислил приказна дека не му работат стоп- светлата, па замолува девојки да седнат на возачкото место за да стиснат на кочницата. Тогаш тој почнувал да ги пипка по нозете, лажирајки намера да им ги намести нозете на кочницата, а и да ги допира со главата по телото и градите.
На социјалните медиуми го нарекуваат „перверзниот“ измамник, кој истото го правел и минатата година. Поставена е и фотографија од неговиот автомобил, во време кога „оперира“, на која се гледа и табличката со регистрација. Се очекува да делува и полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.