Добил милион долари и листа со имиња на кои треба да ги подели парите, открива еден од заштитени сведоци, пренесе Шпанскиот весник “АС” нови детали од истрагата која се води против челниците во Светската фудбалска федерација (ФИФА).
– Ми дадоа милион долари и листа со имиња на кои треба да ги поделам парите. Отидов во Јахт клубот во Парагвај и парите ги предадов како што ми наредија, на тогашните членови на КОМЕНБОЛ. Парите им ги дадов на Грондони, Осуна, Де Луци… Едноставно ќе отидев на нивната врата во хотелските соби и ќе им ја предадев пропишаната сума. Некои ги броеја парите, а некои не се трудеа ниту да ме погледнат во очи. Само ќе ја затвореа вратата, а јас одев до нова соба и предавав пари. Не добиваа сите ист износ, некои беа подмитувани со значителни суми, а некои не баш, откри заштитниот сведок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


