| четврток, 6 декември 2018 |

Шулц предупредува на последиците ако Грција излезе од еврозоната

martin sulcПретседателот на Европски парламент Мартин Шулц предупреди дека доколку Грција излезе од еврозоната ќе треба да се откаже од фондовите и субвенциите од Брисел.

– Н еможеш да излезеш од еврозоната, да не ги враќаш долговите и да очекуваш дека парите од буџетот на ЕУ ќе продолжат да доаѓаат, изјави Шулц во интервју за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Тој потенцираше дека ќе стори се што е можно за да не се дојде дотаму.

Досега Шулц воопшто не сакаше јавно да ја коментира ни можноста Грција да ја напушти еврозоната. Но промената во реториката доаѓа поради зголемените тензии пред утрешната европска средба на врвот во Брисел.

Грција и кредиторите се уште се надеваат дека ќе постигнат договор за „реформи за свежи пари“, иако преговорите се во ќор сокак во последните пет месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top