Нашата цел е најбрзо можно нашата држава да стане член на НАТО и на ЕУ; Нашата цел истовемено е и континуиран раст на економијата, раст на животниот стандард и отворање на нови работни места, континуирана и непрекината борба против криминалот и корупцијата; Нашата цел е градење на општество со добри меѓуетнички односи, во кое сите граѓани имаат подеднакви шанси и можности; Нашата цел е општество базирано на знаење и креативност, на иновативност и силен претприемачки дух- посочи премиерот Никола Груевски во говорот на прославата по повод 25 годишнината од основањето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
-Основите кои нашата партија делувајки преку владата ги направи, со нискиот и рамен данок преку кој се овозможува наместо во буџетот, повеќе пари од профитот да останат во компаниите кои со нив ќе прават инвестиции и ќе отвораат нови работни места, со заштита на сопственоста преку процесот на денационализација, легализациите, или враќањата на запленетите приватни пари од банки и штедилници, и генерално со зајакнато гарантирање на приватната сопственост, со можности за бесплатно средно образование, со високо образование распространето насекаде низ Македонија и достапно за сите етнички заедници, со подигнување на квалитетот на образованието, со промоцијата на семејните вредности, со подршката на повеќедетните семејства и мерките за подршка на демографската политика која по долги години на опаѓање на демографијата, конечно имаме првични позитивни придвижувања во тој дел, со мерките со кои на младите им се помага да креираат подобар живот и да останат во земјата наместо својата среќа да ја бараат надвор, со привлекување на странски и охрабрување на домашните инвеститори да инвестираат во Македонија и да отвораат нови работни места. Тие основи ќе ја движат Македонија напред- посочи Груевски на 25-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер


