Премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање посочи дека Македонија е дел од меѓународната заедница и ќе работи посветено на сопствениот развој и развојот на односите со другите.
– Ние ќе продолжиме да работиме на она што го говорев и на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, на подигнување на стандардите. Наша мисија е, постојано и постојано зголемување на стандардите во сите сфери и во сите сектори. Колку повеќе ги зајакнуваме и подигнуваме стандардите толку посилни ќе бидеме, колку и краткорочно да ни изгледа болно или непотребно тоа – истакна Груевски.
Стандардите во образованието, стандардите во здравството, стандардите во судството, стандардите во администрацијата, стандардите во демократијата, стандардите во екологијата, во економијата, во безбедноста, во сите сфери и области.
– Издигнувајки ги тие стандарди, се издигнуваме себеси, градиме нова култура на живеење, поголем ред и поредок, поголема правда, посилно образовани, поефикасна администрација, или кратко кажанао, посилни институции, посилни индивидуалци и посилна држава – подвлече премиерот.
Се додека стандардите се ниски, ќе има злоупотреби дури и од оние кои најмалку сакаат да ги прават. Затоа што гледајки дека и други ги користат слабостите, сфаќаат дека мораат така да делуваат за да опстанат.
– Затоа, мораме да продолжиме со промените кон подобро. На тој пат, искуствата и препораките кои доаѓаат од ЕУ, на патот кон нашето зачленување во неа, ќе бидат наш искусен советник. И кога не слушате како говориме дека правиме или ќе правиме реформи, тоа значи промени и чекори за зголемување на стандардите. Повисоки стандарди за посилна држава – нагласи Груевски.
Како што потенцираѓе премиерот, нивна цел е најбрзо можно нашата држава да стане член на НАТО и на ЕУ.
– Нашата цел истовремено е и континуиран раст на економијата, раст на животниот стандард и отворање на нови работни места. Нашата цел е континуирана и непрекината борба против криминалот и корупцијата, Нашата цел е градење на општество со добри меѓуетнички односи, во кое сите граѓани имаат подеднакви шанси и можности.Нашата цел е општество базирано на знаење и креативност, на иновативност и силен претприемачки дух – рече Груевски.
Според него, основите кои неговата партија делувајќи преку владата ги направи, со нискиот и рамен данок, преку кој се овозможува наместо во буџетот, повеќе пари од профитот да останат во компаниите кои со нив ќе прават инвестиции и ќе отвораат нови работни места, со заштита на сопственоста преку процесот на денационализација, легализациите, или враѓањата на запленетите приватни пари од банки и штедилници, и генерално со зајакнато гарантирање на приватната сопственост, со можности за бесплатно средно образование, со високо образование распространето насекаде низ Македонија и достапно за сите етнички заедници, со подигнување на квалитетот на образованието, со промоцијата на семејните вредности, со подршката на повеќедетните семејства и мерките за подршка на демогравската политика која по долги години на опаѓање на демографијата, конечно имаме првични позитивни придвижувања во тој дел, со мерките со кои на младите им се помага да креираат подобар живот и да останат во земјата наместо својата среќа да ја бараат надвор, со привлекување на странски и охрабрување на домашните инвеститори да инвестираат во Македонија и да отвораат нови работни места. Тие основи, ќе ја движат Македонија напред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!