Го читав пред три дена последното истражување на јавното мислење кое го направила една релевантна куќа, институт. Го читав и си викав, добро како сега после следните избори СДСМ ќе се оправдува, што ли ќе смислат тогаш? Ќе најдат ли сили да признаат пораз, да пружат рака, и да ја остават Македонија да чекори напред, а тие да делуваат како опозиција во секоја нормална држава? Ќе мораат. Ќе немаат избор – порача вечерва претседателот на Владата Никола Груевски на прославата на роденденот на партијата.
– Затоа не смееме да им оставиме ни ронка простор за изговор, треба да одиме на избори и да се соочат со народот, кој така добро ќе им покаже што мисли за сите овие нивни игри што нема ни да се свесни што ги снашло. Тие веќе покажаа знаци на покајување што потпишаа договор за предвремени избори, и почнаа да прават чекори за да го срушат овој договор или да ги одолговлечат и одложат планираните априлски избори. Тоа нема да им го дозволиме. Тоа овој пат нема да им го дозволат ни оние во кои тие почиваа најмногу надеж, меѓународната заедница. И ним им доаѓа преку глава деструктивното делување на оваа група луѓе изгубени во политиката – посочи премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.