Денес ВМРО-ДПМНЕ е најсилната, најмоќната и најбројната партија во Македонија, партијата која денес брои 170 илјади членови, речиси половина милион поджувачи,и е главен столб и двигател на развојот и стабилноста на Република Македонија, посочи премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски, на прославата на роденденот на партијата.
Говорејќи за премрежјата низ годините, Груевски се посвети и на последните случувања во државата.
-Токму во последните 5-6 месеци партијата го пребродува и најголемиот удар зададен досега, на крајно кукавички и манипулативен начин. Во неможност да биде победена во нормална политичка битка, со натпревар на идеи, со работа и резултати, со реформи и создаени дела, со понуда која граѓаните ќе ја отценат за најдобра, со доверба која извира од народот, на демократкси и транспарентен начин, противникот, соработувајки со мрачни сили, како што и самиот се произнесе, се обиде на најбрутален, најкукавички и најнедемократкси обид да ја сруши партијата, нанесувајки огромна штета државата и нејзините граѓани- посочи Груевски на 25 годишнината на ВМРО- ДПМНЕ.
-Но наместо тоа, почитувани сопартијци, тие ќе се срушат себеси. Сакајки нам да ни направат стапица, потценувајки го македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, потценувајки ја нивната интелегенција и капацитет, влегоа во валкана игра, со која самите влегоа во стапица, во предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ оди во нова победа, и по кои Македонија ќе продолжи да оди напред.
Груевски повика на интервенција на народот, на организирани, фер и демократски избори, каде народот ќе одговори и на СДСМ и на нивните сценаристи.
-Иако претходно не планиравме предвремени избори, иако верувавме дека ова ќе биде прв мандат истеран до крај, сепак, ситуацијата во која СДСМ ја донесе државата, помогната според кажувањето на Заев од други сили, гледајки дека СДСМ не планира да запре со урнисувањето на државата преку невраќањето во парламентот и создавањето лоша атмосфера, проценивме дека овој пат потребна е интервенција на народот, на организирани, фер и демократски избори, каде народот ќе одговори и на СДСМ и на нивните сценаристи, кој е кој во оваа држава, поточно која е силата на манипулантите, а која е силата на народот во Македонија.
Во овие 5-6 месеци се боревме колку што можевме, издржавме нешто што никој во Европа и во светот не го доживеал и издржал, внимававме да не возвратиме на начин кој некој ќе го злоупотреби против државата, го издржавме најсилниот удар против нас, кои сме трн во окото на противникот, но, за конечна разврска, и прекин на правењето штета на економијата, на отворањето на ннови работни места, на прекин на правењето штета на земјоделците, пензионерите, младите, и на сите граѓани на Македонија, одлучивме, и покрај нашите претходни намери и планови, да ја побараме таа интервенција на народот на предвремени избори за кои ние сме подготвени уште сега, но нашиот противник не прифати, па неможеше да го избегне истото за идната пролет- посочи лидерот на ВМРО- ДПМНЕ и премиер на Република Македонија на роденденот на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер



