Ова е празник на сите наши членови, на сите наши поддржувачи, вие сте душата и силата на ВМРО-ДПМНЕ, како што сте и силата на нашата држава Република Македонија.
Oва го порача вечерва премиерот Никола Груевски во своето обраќање по повод 25 роденден на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека народот, човекот, е тој што ги сочинува работите и кои на сите здружувања, организирања, акции, активности, процеси, судбини и историски предизвици им дава смисла и логика на постоење. Без народот не би постоела државата, без народот не би постоела ни ВМРО-ДПМНЕ.
– Денес ВМРО-ДПМНЕ е најсилната, најмоќната и најбројната партија во Македонија.Партијата која денес брои 170 илјади членови, речиси половина милион поджувачи, и е главен столб и двигател на развојот и стабилноста на Република Македонија – истакна премиерот.
Груевски истакна дека тоа се времиња во кои на најнедемократски начин се воделе досиеја за партијата, се следеле сите движења и комуникации во жолтата зграда која беше на ова место, се изживувале со судбините на луѓето кои делуваа во партијата, времиња на досиеата Темел, Сина птица, па кога се фалсификуваа афери како летоците на бугарски јазик, или шпекулации дека двајца со бради и Top of Formберетки биле видени на местото на настанот на атентатот на Глигоров, Bottom of Form времиња во кои да се биде вмровец беше да се вкалапиш во некаков стереотип кој го креираа тогашните служби на партијава која сега е во опозиција и води лажна битка за демократија, времиња невремиња, кога активистите без да помислат на тоа што партијата ќе направи за нив крстосувале низ државата и ја граделе партијата и темелите на нејзиното делување.
-Денес на оваа 25 годишнина ги поздравувам прво сите тие луѓе од прв до последен кои го создадоа јадрото на ВМРО-ДПМНЕ независно на нивната денешна политчка ориентација, кои ја формираа партијата и делуваа во рамките на партијата. Почетното заедничко делување на Љубчо Георгиевски основач и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски најголемиот македонски дисидент во комунизмот, идеолог и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски првиот генерален секретар, главен теренец и моторот на партијата, Гојко Јаковлевски и Мане Јаковлевски, Владо Трнталовски и Дијана Трнталовска, Васил Наумов, Драги Арсов, едни од клучните личности при основањето, како и повеќе други, се луѓе кои на централно ниво започнаа да ја формираат и реализираат идејата за партијата, на која подоцна и се приклучија стотици и илијадници други храбри луѓе.Честитки за нивното делување и почит за она кое тогаш го направија, истакна Груевски.
Како што посочи тој, пред нивниот храм, пред нивната тврдина, кој објект се именува по името на првиот претседател на македонската револуционерна организација, Др Христо Татарчев, овде на овој нов плоштад, плоштадото ВМРО, среќен роденден за сите членови на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова е ваш празник, ова е празник на сите наши членови, на сите наши поддржувачи, вие сте партијата, вие сте душата и силата на партијата, како што сте и силата на државата. Народот, човекот, е тој што ги сочинува работите и кои на сите здружувања, организирања, акции, активности, процеси, судбини и историски предизвици им дава смисла и логика на постоење. Без народот не би постоела државата, без народот не би постоела ни ВМРО-ДПМНЕ, заклучи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски