| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат и 19 повредени во земјотрес во Тајван

zemjotres

Најмалку едно лице загина и уште 19 се повредени во земјотресот кој, со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала, го погоди главниот град на Тајван, Тајпеј.

Потресот е почувствуван на целиот остров. Зградите во престолнината Тајпеј се нишале и движењето по одделни станици од брзата железница било запрено за да се изврши проверка за евентуални оштетувања.

Американскиот геофизички институт измери магнитуда од 6 степени и длабочина на потресот од 15 километри.

Според властите, 72-годишна жена е првата позната жртва на земјотресот. Таа починала кога паднала карпа врз храмот до кој стоела.

Во округот Нантоу, каде што е епицентарот на потресот, вкупно 19 лица се повредни, од кои повеќето од паднати предмети. Паднат таван повредил вработен во административна зграда. Неколку училишта претрпеле материјална штета, како што се пукнатини и паднати ќерамиди.

Нантоу е селски реон, на околу 250 километри јужно од Тајпеј, и се наоѓа во близина до епицентарот на потресот со магнитуда од 7,6 степени, што во 1999 година уби повеќе од 2.300 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top