Германскиот детектив Јозеф Реш тврди дека дошол до „круцијално откритие“, за падот на малезискиот авион MH17, кој е урнат над Украина минатиот јули, при што животот го загубија 298 патници.
Детективот Реш бил ангажиран од анонимен работодавач, кој му понудил 47 милиони долари доколку биде откриен кој е виновен за соборување на авионот.
„Мојот работодавач ги доби сите информации кои ги бараше, така што мојата работа е завршена. Очекувам дека нешто значајно ќе се случи наскоро. Би сакал мојот работодавач да ги објави информациите кои му ги дадов, но сепак ми делува дека во тајност ќе се пресмета со виновниците“, рече Реш во интервју за Spiegel.
По соборување на малезискиот авион минатата година, започна оркестрирана кампања на меѓусебно обвинување на Русија и САД. Американците тврдеа дека проруски бунтовници го собориле авионот, додека Москва сметаше дека тоа го сторила украинската војска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.