| четврток, 6 декември 2018 |

Во Грција само со кеш на одмор

Идната недела Грција може да го ограничи повлекувањето на пари од банкарски сметки, предупредуваат аналитичарите и туроператори.

Експертите препорачуваат туристите, што планираат да ја посетат Грција, да понесат со себе доволно средства во кеш за минимум 3-4 дена, пренесува „Блумберг“.

– Ние препорачуваме на оние што планираат патување во Грција, да покажат будност, изјави Дејвид Свон, претставник на „Травелекс“, кој се занимава со размена на валути и е оператор на голем број пунктови и банкомати низ светот.

Аналитичарите од „Барклис“ сметаат дека идната недела Грција може да го ограничи обемот на парични средства, што може да се повлече од банкарските сметки.

Повлекувањето на пари од четири банки во Грција надмина една милијарда евра, а од почетокот на неделата вкупниот износ на повлечени средства изнесува три милијарди евра, што е за трипати повеќе од просечниот неделен индекс во изминатите три месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top