| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува фестивалот „Гола месечина“

Со претставата „Стјуардеси“ од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов вечер почнува вториот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“.

Годинава фестивалот ќе се одржува до 30 јуни на фудбалското игралиште до детската градинка „Сонце“ во Реонски центар Аеродром. Граѓаните ќе можат бесплатно да погледнат девет театарски претстави, со почеток од 21 часот.

На програмата се претстави од Македонија, гостуваат Струмичкиот, Велешкиот и Прилепскиот театар. Ќе има две претстави од Драмскиот театар од Скопје и две претстави од Босна и Херцеговина, едната независна продукција од Сараево, а втората е театарот од Тузла.

Покрај средствата што ги издвои општина Аеродром од својот буџет, во реализацијата на овој проект се вклучени Министерството за култура и организаторот Театар Комедија.

Жирито кое ќе ги вреднува претставите е составено од професорот и писател Венко Андоновски, актерката Катерина Коцевска и режисерот Бојан Трифуновски. Фестивалот е од натпреварувачки карактер. Ќе се доделат четири награди, најдобра женска, најдобра машка улога, најдобра режија и Гран при. Сите ќе добијат по 500 евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top