На македонско-грчката граница има долга колона од возила кои чекаат за влез во Грција, пишува порталот „Фактор“.Почна сезоната на одмори, па ова е причината што веднаш, првиот викенд во втората половина од јуни има ваков метеж.
Сепак, од центарот за информации известуваат дека брзо се минува, но лицата кои ја испратиле оваа фотографија до редакцијата на „Фактор“ велат дека се чека најмалку еден час за влез во Грција.
фото: Фактор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.