| четврток, 6 декември 2018 |

33 илјади луѓе се убиени лани во терористички акции

terorizamБројот на терористички напади во светот е зголемен за 35 проценти во 2014 година, наведува американскиот Стејт департмент во својот годишен извештај за глобалниот тероризам.

Околу 33.000 луѓе се убиени во 13.500 терористички напади низ светот во текот на минатата година. За споредба во 2013 година над 18 илјади луѓе загинале во речиси 10.000 терористички напади.

Според извештајот минатата година во терористички напади загинале 24 Американци.

Зголемувањето на бројот на жртви од тероризам според извештајот се должи на зголемената терористичка активност во Ирак, Авганистан и Нигерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top