| четврток, 6 декември 2018 |

Kонцерт „Млади оперски надежи, проф. Коста Трпков“

В понеделник, (22 јуни) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе се одржи традиционалниот концерт, „Млади оперски надежи, проф. Коста Трпков“. На концертот ќе настапат студентите од класите по соло пеење на факултетите за музичка уметност од Скопје и Штип. Вокалните солисти ќе ги придружува оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. На програмата ќе бидат застапени арии од познатите светски автори на оперската уметност, Џ.Верди, Џ.Пучини, В.А.Моцарт, П.Маскањи, Ш.Гуно, Џ.Росини и др.

Ќе настапат вкупно 17 изведувачи скоро од сите оперски гласови. Изведувачите претходно беа селектирани од стручна комисија во состав: Ѓорѓи Цуцковски-уметнички раководител на операта и диригентите, Иван Еминовиќ и Бисера Чадловска. Вокалните солисти се од класите на професорите: Билјана Јакимовска, Марија Муратовска, Весна Ѓиновска-Илкова, Славица Петровска-Галиќ и Горан Начевски од ФМУ-Скопје и Благица Поп Томова и Борис Трајанов од ФМУ-Штип.

Влезот за концертот е слободен!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top