| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија без самба и Бразилци сонува за настап на големо натпреварување

Фу­тса­лот е атра­ктив­на игра, со­се­ма по­и­на­ква од го­ле­ми­от и од ма­ли­от фуд­бал. Игра што не е прем­но­гу екс­по­ни­ра­на кај нас, со сли­чен рас­по­ред на си­ли­те на ре­пре­зен­та­ти­вен план ка­ко и во го­ле­ми­от фуд­бал. По­долг пер­и­од до­ми­ни­ра­ат Бра­зил и Шпа­ни­ја, единс­тве­ни­те две се­лек­ции што има­ат ти­ту­ли од свет­ски­те пр­венс­тва

Дар­ко Ран­го­тов е стан­дар­ден ре­пре­зен­та­ти­вец на Ма­ке­до­ни­ја во фу­стал, игра што крие мно­гу тај­ни и не е прем­но­гу ме­ди­ум­ски екс­по­ни­ра­на кај нас, иа­ко е су­пе­ра­тра­ктив­на. Игра што екс­прес­но се раз­ви­ва и се по­пу­ла­ри­зи­ра во раз­ви­е­ни­те зем­ји. И игра во ко­ја, ка­ко и во го­ле­ми­от фуд­бал, до­ми­ни­ра Бра­зил. Нај­тро­феј­на ре­пре­зен­та­ци­ја на пла­не­та­та и во го­лем фуд­бал и во фу­тсал и зем­ја што да­ва ре­пре­зен­та­тив­ци во ре­чи­си си­те по­до­бри се­лек­ции на пла­не­та­та. Во раз­го­вор со Ран­го­тов ќе се оби­де­ме да ви ги откри­е­ме тај­ни­те на фу­тса­лот.

sport146-Rangotov-3

Ко­ја е раз­ли­ка­та ме­ѓу фу­тса­лот и та­ка­на­ре­че­ни­от мал фуд­бал?
Ранготов: На­ви­дум изг­ле­да де­ка не­ма раз­ли­ка, но ко­га по­де­тал­но ќе се нав­ле­зе во тај­ни­те на фу­тса­лот, се­пак раз­ли­ки­те се вид­ли­ви. Фу­тса­лот се игра со че­ти­ри игра­чи во по­ле плус гол­ман, до­де­ка во ма­ли­от фуд­бал има­те еден играч по­ве­ќе. И топ­ка­та е со­се­ма раз­лич­на, во ма­ли­от фуд­бал вре­ме­то те­че, а во фу­тса­лот се со­пи­ра, што ба­ра по­ве­ќе на­пор и тре­ба да сте ма­кси­мал­но под­го­твен за да мо­же­те да игра­те на врв­но ни­во. Во фу­ста­лот има огра­ни­чу­ва­ње во бро­јот на фа­у­ли и се игра по­чи­сто. До­кол­ку се над­ми­не пред­ви­де­на­та нор­ма на пре­кр­шо­ци сле­ду­ва пе­нал од 10 ме­три. И топ­ка­та е со­се­ма по­и­на­ква. Во ма­ли­от фуд­бал се игра со кла­сич­на топ­ка, до­де­ка во фу­тса­лот таа е по­ма­ла и по­ве­ќе се ле­пи за под­ло­га­та, од­нос­но не от­скок­ну­ва. Има и дру­ги ни­јан­си што ги раз­ли­ку­ва­ат две­те игри.

 

Играш во Хр­ват­ска за ти­мот на Сквер Ду­бров­ник. Кол­ку е раз­ви­ен фу­тса­лот та­му и ка­ква е раз­ли­ка­та со нас на клуп­ски и на ре­пре­зен­та­ти­вен план?
Ранготов: Хр­ва­ти­те се пред нас во си­те сег­мен­ти. Нај­ква­ли­тет­на­та ли­га им е мно­гу изед­на­че­на и има пет-шест клу­ба што има­ат ам­би­ции за ти­ту­ла. Со Сквер го­ди­на­ва играв во по­лу­фи­на­ле­то во шам­пи­о­на­тот и за­гу­бив­ме од осво­ју­ва­чот на двој­на­та кру­на На­ци­о­нал За­греб, еки­па што нѐ по­ра­зи и во фи­на­ле­то на ку­пот. По­пу­лар­но­ста на фу­тса­лот е на за­вид­но ни­во со до­бра ме­ди­ум­ска по­кри­е­ност. Дер­би­ја­та се пре­не­су­ва­ат во жи­во, а и по­се­та­та е од­лич­на. На при­мер, во Ду­бров­ник на се­кој меч са­ла­та е пол­на, а ин­те­рес­но е што се­ко­ја пр­во­ли­га­шка еки­па мо­ра да има и ју­ни­ор­ски со­став. От­та­му се цр­пат мла­ди та­лен­ти, што ѝ но­сат бе­не­фит и на хр­ват­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја. Во ми­на­ти­от ква­ли­фи­ка­ци­ски цик­лус го осво­и­ја пр­во­то ме­сто во гру­па­та и се из­бо­ри­ја за вто­ро учес­тво на европ­ски­те пр­венс­тва. Кај нас фу­тса­лот е на мал­ку по­скром­но ни­во, со ед­на еки­па што от­скок­ну­ва со ква­ли­тет. Же­ле­за­рец кај нас е ре­чи­си тим-ре­пре­зен­та­ци­ја и, пред сѐ, бла­го­да­ре­ние на ен­ту­зи­јаз­мот на се­ле­кто­рот Ва­ско Скен­де­ров­ски, се­пак оваа игра на­пре­ду­ва, иа­ко по­скром­но, откол­ку што тре­ба. Мо­же­би нај­го­лем не­до­стиг е што ре­чи­си 80 про­цен­ти од игра­чи­те што на­ста­пу­ва­ат во ма­ке­дон­ска­та ли­га, фу­тса­лот го гле­да­ат ка­ко вто­ра шан­са, отка­ко не ус­пе­а­ле во го­ле­ми­от фуд­бал. Се бо­ри­ме за по­ве­ќе про­стор и по­пу­ла­ри­за­ци­ја на фу­тса­лот, а до­бра про­мо­ци­ја бе­ше ква­ли­фи­ка­ци­ски­от тур­нир во Скоп­је на кој Ма­ке­до­ни­ја игра­ше про­тив акту­ел­ни­от свет­ски ви­це­шам­пи­он Шпа­ни­ја, по­тоа со Ун­га­ри­ја и со Швај­ца­ри­ја.

sport146-Rangotov-4

Во фу­ста­лот има чуд­на си­ту­а­ци­ја. Ре­чи­си си­те по­сил­ни ре­пре­зен­та­ции има­ат стран­ци, нај­че­сто Бра­зил­ци. Ѝ тре­ба­ат ли и на Ма­ке­до­ни­ја на­ту­ра­ли­зи­ра­ни игра­чи во др­жав­ни­от со­став?
Ранготов: Бра­зил­ци­те до­ми­ни­ра­ат во овој спорт и има­ат најм­но­гу ус­пе­си, а точ­но е и де­ка ре­чи­си си­те врв­ни ре­пре­зен­та­ции има­ат еден или по­ве­ќе­ми­на игра­чи од оваа зем­ја во сво­јот тим. Ние има­ме по­и­на­ква цел, плас­ман на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње иск­лу­чи­тел­но со сопс­тве­ни си­ли. Са­ка­ме да се пла­си­ра­ме на ЕП или на СП са­мо со ма­ке­дон­ски фуд­ба­ле­ри, иа­ко се­ка­ко де­ка би бил до­бре­дој­ден, на при­мер, не­кој ква­ли­те­тен Бра­зи­лец. Пос­ла­тко е ко­га ќе ус­пе­е­те со сопс­тве­ни­от ква­ли­тет, иа­ко не е иск­лу­че­на мож­но­ста во ид­ни­на да има и на­ту­ра­ли­зи­ран играч во ре­пре­зен­та­ци­ја­та. На пос­лед­ни­те ква­ли­фи­ка­ции во Скоп­је за влак­но не ус­пе­ав­ме да се из­бо­ри­ме за на­стап на Европ­ско­то пр­венс­тво. На клуч­ни­от меч со Ун­га­ри­ја имав­ме пред­ност, но на кра­јот тие за­ед­но со Шпа­ни­ја се пла­си­раа на шам­пи­о­на­тот. Оваа ге­не­ра­ци­ја зас­лу­жу­ва на­стап на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње и ве­ру­вам де­ка со мал­ку сре­ќа ќе се из­бо­ри­ме за на­стап на ЕП или на СП.

sport146-Rangotov-2

Мож­но ли е играч од фу­тса­лот да ус­пее во та­ка­на­ре­че­ни­от го­лем фуд­бал?
Ранготов: Пре­ми­нот е мно­гу те­жок и во два­та прав­ца, иа­ко спо­ме­нав де­ка кај нас по­го­ле­ми­от број фу­тсал­ци, по­ра­но се оби­де­ле во го­ле­ми­от фуд­бал. Во спро­ти­вен пра­вец ре­чи­си не­ма при­мер на играч кој поч­нал во фу­ста­лот да на­пра­ви впе­чат­ли­ва ка­ри­е­ра во про­фе­си­о­нал­ни­от фуд­бал. На­ви­дум сѐ е исто, но во пра­кти­ка сѐ е раз­лич­но, па ду­ри и топ­ка­та има по­и­на­кви ди­мен­зии и ка­ра­кте­ри­сти­ки.

 

Ко­ја ре­пре­зен­та­ци­ја и играч од фу­тса­лот е по Ваш вкус?
Ранготов: Бра­зил­ци­те се број еден и тоа е ре­пре­зен­та­ци­ја со најм­но­гу свет­ски ти­ту­ли. Тие го из­мис­ли­ја фу­ста­лот и сѐ уште се на вр­вот. Има­ат огро­мен по­тен­ци­јал и смис­ла и за фуд­бал и за фу­тсал, а са­ми­от при­мер со нај­ква­ли­тет­ни­те ре­пре­зен­та­ции што има­ат ан­га­жи­ра­но Бра­зил­ци во сво­и­те ре­до­ви по­твр­ду­ва де­ка се на вр­вот. Во Евро­па Шпан­ци­те се ли­де­ри, бла­го­да­ре­ние на нив­ни­от се­ле­ктор Ве­нан­сио Ло­пез. Тој е еден од нај­до­бри­те ино­ва­то­ри во овој спорт. Во фу­тса­лот ви­тал­но е да има­те но­ви ком­би­на­ции на те­ре­нот, но­ви шаб­ло­ни на игра, кои функ­ци­о­ни­ра­ат ефект­но. Ре­чи­си 80 про­цен­ти од но­ви­те­ти­те во пос­лед­но вре­ме се де­ло на Ло­пез. Од игра­чи­те по мој вкус е Пор­ту­га­ле­цот Ри­кар­ди­њо, ко­го го сме­там за нај­до­бар играч на фу­тсал на пла­не­та­та, а ми се до­па­ѓа и сти­лот на игра на шпан­ски­от ре­пре­зен­та­ти­вец Ло­за­но.

 

Разговараше: Зоран Поповски
(Текст објавен во 146. број на неделникот „Република“, 19.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top