Перо Антиќ директно од САД дојде во Белград да прослави уште една титула национален шампион по онаа во Атина со поранешниот клуб Олимпијакос.
Тој заедно со неколку поранешни играчи на Црвена Звезда беше присутен во „Пионир“ за да ја прослави титулата на црвено-белите во пауза од 17 години.
Тој на полувремето за српските медиуми даде кратка изјава околу неговата кариера. Сеуште е незивесно во кој клуб ќе настапува Антиќ во следната сезона, а како што претходно информиравме за неговите услуги сериозно се заинтересирани двата гиганта од Шпанија, Барселона и Реал Мадрид. Не е исклучена можноста тој да настапува уште една сезона во НБА лигата.
Сепак Антиќ целата неговата кариера му ја довери на одличниот менаџер Мишко Ражњатовиќ и не ја исклучува можноста повторно да се врати во Белград и да заигра за Црвена Звезда.
– Секогаш постојат различни можности, и се е отворено. Мој агент е Миодраг Ражњатовиќ, се е на него, имам во него потполна доверба, затоа што ми ја изгради кариерата – истакна Антиќ за Б92 на полувремето од финалето во српскиот шампионат по кое Црвена Звезда прослави титула по пауза од 17 години.
– Црвена Звезда направи одличен тим – од тренерот до последниот играч, се е вклопено и функционира добро. Што се однесува до атмосферата само Олимпијакос и Црвена Звезда имаат вакви навивачи. Ова мора да се доживее – дополнил Антиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


