Научниците од „Оксфорд“ ги споредиле големината на очните вдлабнатини со големината на видниот кортекс, делот од мозокот за обработка на визуелните информации, па заклучиле дека колку се поголеми вдлабнатините, толку биле големи и очите, но и толку повеќе простор од мозокот се користел за „процесирање“ на сликите.
Потоа ги споредиле вдлабнатините меѓу тогашните луѓе и неандерталците, со што откриле дека неандерталците што живееле пред меѓу 25 и 75 илјади години, голем дел од мозокот го користеле за видот, многу повеќе од луѓето. Со тоа многу помал мозочен „простор“ останувал за размислување и за решавање на проблемите, но и за создавање социјални мрежи. Заради мозокот специјализиран за остар вид, не можеле да развијат, на пример, трговија, но им биле ограничени и вештините за усвојување на новите технологии.
Во студијата стои дека модерниот човек го искористил мозокот за надминување на проблемите, за социјално приспособување и решавање на еколошките проблеми, додека неандерталците имале алтернативна стратегија врз развиениот вид и физичка надмоќност, но не и врз општествена свест. Физичката надмоќност им користела за приспособување на високите делови во почетокот, но човекот, сепак, подобро се приспособил на тогашната нестабилна клима карактеристична за Евроазија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.