Професионалниот мешан хор „Про Арс“ под диригентство на маестро Сашо Татарчевски на 19-ти јуни (петок) ќе одржи концерт посветен на стогодишнината од раѓањето на големиот руски композитор Георги Свиридов.
Концертот е втор од циклусот „ЈУБИЛЕИ“ а ќе бидат изведени композиции од духовниот хорски опус на авторот.
Хорот „Про Арс“ е формиран 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски по анализа која укажа дека на нашата концертна сцена недостасува професионален хорски ансамбл способен за квалитетна изведба на широк и разновиден репертоар.
Во изминатите четири години хорот оствари неколку самостојни концерти со уметничка хорска музика, концерти на Охридско лето и Денови на Македонска Музика, работилница за млади композитори, соработка со музичари од поп сцената како и студиски снимки за едукативни програми и за високобуџетни филмови.
Концертот ќе се одржи во храмот на МПЦ „Рождество на пресвета Богородица“ од 20.00 часот.
Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


