| четврток, 6 декември 2018 |

Мешков: Не се потребни мировни сили во Украина

сили

Русија сака да се врати нормалната состојба во Украина и поради тоа акциите на САД или мировни сили не се потребни, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија, Алексеј Мешков.

– Русија беше и остана еден од најактивните играчи кога се работи за враќање на нормалноста во Украина. Ние сме членка на Нормандиската група, потпишавме договор од Минск и целосно го имплементираме. Она  за што треба да зборуваме е пропаганда. Во нашиот случај тоа значи дека се што ќе кажеме се користи против нас. Поради тоа, за жал навикнати сме на обвинувања – изјави тој во интервју за виенски Стандард.

Во врска со рпедлогот за испраќање мировни сили, тој вели дека моментно постои мисија на ОБСЕ во Украина која функционира. Сега како што додава, важно е да се погрижат за задачата на мисијата да се исполни целосно и не се потребни мировни сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top