| четврток, 6 декември 2018 |

Нова лидерска средба за надминување на политичката криза во Македонија

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА денеска во Скопје ќе одржат нова средба за надминување на политичката криза во земјавa.

liderska.jpg-500

На  средбата која се очекува да почне во 13 и 30 часот, покрај Никола Груевски, Зоран Заев, Aли Ахмети и Мендух Тачи, ќе присуствуваат и амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

На средбата се очекува да се договори конечниот датум за да се постигне договор, пред јули, кога треба да се поднесе извештајот за Македонија, од кој ќе зависи препораката за отворање на преговорите за членството во ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top