| четврток, 6 декември 2018 |

Состанокот на Еврогрупата заврши без договор за Грција

evrogrupa

Состанокот на Еврогрупата во Луксембург заврши без договор за Грција, соопштија високи претставници на ЕУ.

– Никаков договор. Силен сигнал, испратен на Грција, да се ангажира сериозно со преговорите. Еврогрупата останува подготвена да се состане во секој момент, изјави заменик-претседателот на ЕК и еврокомесар за еврото Валдис Домбровскис на Твитер.

Претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јерун Дејселблум, изјави дека се уште е можно да биде постигнат компромис со Грција. – За тоа ќе биде неопходно Атина да достави сеопфатна програма за структурни реформи, истакна тој и изрази жалење дека не е постигнат доволен напредок во преговорите.

Седницата на министрите за финансии од еврозоната траела помалку од час и половина.

Еврогрупата ќе одржи средба на врвот за Грција во понеделник, јави ДПА, повикувајќи се на изјава на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Тој го свикал состанокот, затоа што треба „итно да се разгледа ситуацијата во Грција на највисоко политичко ниво“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top