| четврток, 6 декември 2018 |

Шимоњак: Мина времето на мирот во Европа

симо

Сегашните судири и криза на портите на европскиот континент, значат дека годините на мирот во Европа се минато, оцени во четвртокот полскиот министер за одбрана Томаш Шимоњак.

-Ние, политичарите и медиумите, мораме да им кажеме на напите јавности дека времето на децениите на мирот во Европа по Студената војна измина- изјави полскиот министер за одбрана Томаш Шимоњак на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Заган во западна Полска.

Столтенберг и Шимоњак, задно со неговите колеги министри за одбрана на Германија, Норвешка и Холандија, учествуваа во Заган на првата „целосна вежба“ на новите Сили за брз одговор на Северноатлантскиот сојуз – Very High Readiness Joint Task Force, односно VJTF.

-Се побројни се заканите околу Европа: руско-украинската криза, групата Исламска држава, сложената криза во северна Африка. Нема да можеме да ја одбраниме нашата европска благосостојба, доколку не работиме повеќе на безбедноста – додаде полскиот министер за одбрана.

Столтенберг, пак, истакна дека министрите за одбрана на НАТО следната седмица ќе дискутираат за „прераспределбата“ на сојузничкото оружје во средна Европа, што претходно беше остро критикувано од Москва. -Одлуките сé уште не ги донесовме. Со сојузниците соработуваме во врска со прераспределбата на опремата. За тоа следната седмица ќе разговараме на министерската седница на НАТО – рече генералниот секретар на Алијансата.

На споменатата прва голема вежба на VJTF, којашто започна минатата седмица учествуваат 2.100 војници од Холандија, Чешка, Германија, Норвешка, Полска, Литванија, Белгија, Унгарија и САД, од различни родови на армијата кои во Полска пристигнаа преку воздушни и копнени мостови.

Одлуката за формирање на новите Силите за брз одговор беше донесена на самитот на НАТО во Њупорт (Велс), во септември 2014 година поради јакнењето на источното крило на Алијансата, поради стравувањата на поранешните комунистички и советски републики во врска со украинската криза и руската демонстрација на воена моќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top