| четврток, 6 декември 2018 |

Сметките на руските амбасади во Белгија се замрзнати

руско

Сметките на руските амбасади во Брисел се замрзнати, соопшти денеска руското МНР, кое го повика белгискиот амбасадор во Москва, за да изрази остар протест против таа мерка на белгиските власти.

Замрзнати се сметките на амбасадата на Русија во Белгија и на руските постојани претставништва во ЕУ и НАТО, додаде Министерството и се закани дека ќе примени соодветна мерка на белгиската амбасад во Москва.

Според дел од западни медиуми, Франција исто така ги замрзнала сметките, поврзани со руската Влада минатата седмица, а денеска истото го сториле и белгиските власти.

Мерката е исполнување на одлука на арбитражен суд во Хаг од минатата година, дека Русија треба да ги компензира поранешните акционери на нафтената компанија Јукос.

Рускиот министер за економски развој Алексеј Уљукаев рече дека замрзнувањето на сметките е незаконско и оти руската Влада ќе преземе соодветни мерки. Тој меѓутоа, призна дека Русија треба да е подготвена за замрзнување на сметки и на други места.

Замрзнати се исто така смерки на руски компании во француската филијала на руската државна банка ВТБ.

Постојаниот арбитражен суд во Хаг лани реши дека руската Влада презела контрола врз Јукос под претекст на неплатени даноци и го замолкнала Ходорковски, кој го користеше своето големо богатство, за да крене глас против власта на претседателот Владимир Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top