| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува проектот за енергетска сиромаштија, се планира негово зголемување

Владата продолжува со големиот проект за енергетска сиромаштија, кој досега им помогна на голем број семејства, а се планира и негово зголемување.

grujo madzari

Правото на заштита од енергетска сиромаштија е воведено во 2010 година и изнесуваше 600 денари.

Две години подоцна, во 2012 година, ова право се зголеми на 700 денари.

Премиерот Никола Груевски денеска информираше дека Владата продолжува со овој значаен проект.

– Веќе од јули, со сметките што ќе се плаќаат во јули, ќе биде 800 денари. Планот е, според програмата на Владата, следната година да биде 900 денари, а од 2017-2018 година да биде 1000 денари. Ние тоа што го воведовме во 2010 година не само што го одржуваме континуирано туку и постепено ги зголемуваме – истакна Груевски.

Овој проект во 2015 година ќе опфати до 10.000 корисници, а буџетот за проектот изнесува 81 милион денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top