| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Бабунски се сели од Барселона во Сампдорија

Италијанскиот прволигаш Сампдорија сака да го ангажира македонскиот репрезентативец Давид Бабунски, објави реномираниот медиум „Газета дело спорт“.

Екипата од Џенова веќе стапила во контакт со раководството на Барселона, а се бара модел за ангажман на 21-годишниот плејмејкер кој беше дел од тимот Б на Каталонците.

Според „Газета“, тој во Сампдорија би пристигнал како пзоајмен играч од Барселона, со можност подоцна, ако ги задоволи вкусовите на клубот од Џенова, да потпише договор со Сампдорија.

babunski

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top