| четврток, 6 декември 2018 |

Само една грешка во одбраната доволна за пораз против Белгија

Ѕвездата на Челзи, Азар повторно кобен за рисовите

Како и неколку пати предходно во квалификациските средби Македонија загуби поради ефтина грешка во одбраната.

Во шеесет и втората минута една несмасна интервенција на македонската одбрана и овозможи на Белгија да го постигне единствениот гол за победа против Македонија.

Топката која во шеснаесетникот се одби до најголемата ѕвезда на домаќинот Азар заврши во голот на Пачовски откако играчот на Челзи со финта исфрли од игра двајца гостински играчи и го матираше Пачовски.

Белгија на почетокот на второто полувреме влезе во силна офанзива , имаше уште неколку помали шанси и една пречка а при крајот на мечот Пачовски спаси сигурен гол при еден контранапад на домаќините.

Македонија направи две шански кои за малку не влегоа во голот на Куртоа, во едната од нив Пандев убаво се ослободи од својот чувар но топката отиде триесетина сантиметри над голот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top