| четврток, 6 декември 2018 |

Дани Алвеш: Сите се против Бразил, но ќе ги разочараме

Дани Алвеш беше еден од подобрите играчи во составот на Бразил, селекција која претрпе пораз од 0-1 од Колумбија во второто коло на Копа Америка.

Дуелот на двата големи ривали беше тензичен, а по завршувањето судијата им покажа црвени картони на Нејмар од Бразил и на Бака од Колумбија.

Бразилците ќе мораат да играат без главниот адут во решавачкиот меч со Венецуела, што е хендикеп за „кариоките“.

„Не знам зошто Нејмар беше нервозен, но знам дека воопшто не требаше да добие ниту жолт картон, ниту да биде исклучен по завршувањето на мечот. Вината е кај судиите и тие треба да престанат да бидат главни фактори на теренот. Тие се тука со споредни улоги и треба само да судат. Веројатно сите се против Бразил, а на нас е да ги разочараме со добри игри. Тоа се ваквите турнири. Добредојдовте на Копа Америка“, изјави Алвеш.

Во некоја комбинација на Бразилците им одговара и реми со Венецуела, но за најтрофејната фудбалска нација на планетата, победите се обврска. Бразил им атри бода од два меча, идентично како и Колумбија и Венецуела, селекција што има меч помалку. Пери е без бодови по еден одигран натпревар во Ц групата.

Brazil training session

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top