Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Сашо Стефановски и Орхан Рамадани, денеска ќе ја посетат подрачната служба на Фондот во Битола.
При посетата тие ќе го поминат поголемиот дел од работниот ден со вработените во подрачната служба и осигурениците.
Стефановски и Рамадани ќе ја посетат и новоотворената аптекарска станица во село Могила.
Посетата е дел од новиот проект „Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.