| четврток, 6 декември 2018 |

Град предизвика големи штети на овошјето во Росоман

Врнежите од град кои паднаа вчера попладне во Росоман повторно направија штети врз насадите со праски и лозја, но и во нивите со градинарски култури. ­

– Штетите се огромни и наместа изнесуваат до 100 проценти. Од невремето најмногу се погодени земјоделските култури во атарите на росоманските село Манастирец и Сирково. Претставници на Општината веднаш излегоа на терен за да се утврдат штетите и да се подготви посебен извештај за последиците кои природната непогода ги остави зад себе – рече денеска градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов, апелирајќи до земјоделците да ги пријават штетите.

Лазов нагласи дека поголемиот дел од овоштарите во Росоман го имаат осигурано родот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top