| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ изненаден од најавата дека Унгарија ќе подигне ѕид на границата

­ Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа изјави дека е изненаден и шокиран од најавата дека Унгарија ќе изгради ѕид долж српско-­унгарската граница поради проблемите со емигрантите, нагласувајќи дека тоа нема да биде решение бидејќи Србија не е виновна за тој проблем.

vucic aleksandar

 

Вучиќ истакна дека ќе разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со европските претставници и очекува да добие логични одговори, додавајќи дека тоа, пред сѐ, е прашање на ЕУ бидејќи Србија е транзитна земја. ­

– Никој не може да ѝ каже ништо на Србија. Таа не е виновна ниту за кризата во Сирија, ниту за судирите со Исламска држава, ниту за Курдите… Србија е само транзитна земја. Емигрантите не влегле низ Србија, туку од територија на ЕУ, низ Бугарија и Грција – истакна Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top