Не е само еврото загрозено поради евентуалниот банкрот на Грција. За ЕУ ќе се отворат уште многу други проблеми: Британија, криза на Балканот, проблем со бегалците и односите со Русија, пишува „Дојче веле“.
Кризата во Грција ги прави нервозни државите-членки на ЕУ, но не само поради иднината на еврото. Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, деновиве уште еднаш предупреди од лекомисленото сфаќање на т.н. „грегзит“, односно напуштањето на Грција на еврозоната. Во моментов никој не може точно да ги процени вистинските последици од државниот банкрот во Атина кои далеку ги надминуваат финансиските и економските аспекти.
Со недели европартнерите тврдат дека ризикот од проширување на кризата по евентуалниот излез на Грција од еврозоната е мал. Се наведува дека најголемиот од грчкиот долг во меѓувреме е во рацете на државите, и дека не треба да се стравува од верижна реакција во погодените банки. Истовремено, доверителите веќе подолго време се подготвуваат за можните проблеми и ја редуцираа соработката со Грција.
Тоа е погрешно, вели Шулц, и посочува дека во изминатите недели веќе прилично се зголемило осигурувањето на ризикот за шпанските државни обврзници. Доколку се случи државен банкрот, тој веројатно со себе ќе повлече и простување на долговите – што пак би значело дополнително оптоварување за тенките буџети на јужните ЕУ држави, но и за Франција.
Дополнително, и довербата во еврото ќе се намали доколку една од 19. земји- членки ја напушти валутата, велат во германската влада. Притоа не игра голема улога тоа што Грција придонесува со помалку од два проценти во БДП на еврозоната, затоа што паѓа во вода наводната неповратност на воведувањето на еврото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција