Повеќе од триесет илјади луѓе вечерва пристигнаа на стадионот „Ушќе“ во Белград, каде што свој концерт имаше британската ѕвезда Роби Вилјамс.
Долгоочекуваниот спектакл пејачот го почна со погрешен поздрав.
– Добра вечер, Загреб – викна тој, очигледно ,не знаејчи каде точно се наоѓа и продолжил – да ви се претставам, јас сум Роби факинг Вилијамс и следните два часа вашиот задник е мој!
Пред да излези на сцената, како загревање настапија српската евровизиска претставничка Бојана Стаменов, финалистите на „Икс-фактор“, меѓу кои и Боби Мојсоски и хрватското дуо „Ту челос“, кое ќе настапува и на „Охридско лето“ на 8 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Пијанистот Дино Имери со концерт го прославува 10-годишниот јубилеј
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница