| четврток, 6 декември 2018 |

Лапорта повторно ќе се кандидра за претседател на Барселона

Некогашниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, објави дека повторно ќе се кандидира за функцијата на овогодинешните избори.

Тој беше на чело на каталонскиот клуб од 2003 до 2010 година и во тој период успеа да ги донесе двајцата успешни тренери Франк Рајкард и Пеп Гвардиола со кои освои многу титули. Сепак во 2010-та ги изгуби изборите од Сандро Росељ.

– Правев грешки за кои сите знаете но секогаш имав принципи, имам големо искуство и сум поспремен од кога било да го предводам овој трофеен клуб, изјави 52 годишниот каталонец

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top