Легендата на српското глумиште Властимир Ѓуза Стоиљковиќ по долго и тешко боледување синоќа почина на интензивна нега на Клиниката за инфективни болести на Клиничкиот центар во Белград.
Со актерство почнал да се занимава аматерски уште како средношколец, а потоа се запишал на Рударско-геолошки факултет, кој го напуштил во третиот семестар и се запишал на Академијата за драмски уметности.
Професионалната кариера ја почнал во 1951 година во Белградското драмско позориште (BDP) каде работеше до 1968 година, кога премина во Атеље 212. Подоцна, во 1978 година се врати во BDP и остана таму до 1985 година, кога повторно премина во Атеље 212 каде остана до пензионирањето во1995 година. Одигра повеќе од 130 улоги.
Голема популарност стекна со улогата на Родољуб во серијата „Театар в куќа“ („Pozorište u kući“), а во деведесеттите ја маестрално ја одигра улогата на италијанско-српскиот благородник лажго марио Марко дел тинторето во серијата „Среќни луѓе“.
Водеше радио-програма на радио Белград и учествуваше во низа забавни емисии, а го позајмуваше и гласот на бројни ликови од цртаните филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.