Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев на денешниот министерски состанок во Елисејската палата најави отворање на дополнителни 9.500 места за сместување на емигрантите, јави дописникот на МИА од Париз.
Казенев нагласи дека се разботи „нова глобална стратегија“, посакувајќи притоа за двојно да се зголеми доброволното враќање во матичните земји на економските мигранти, со што би се оптимизирале капацитетите за сместување на центрите за административно задржување.
Овие центри се наменети за барателите на азил, чии барање не беа прифатени.
Со масовниот прилив на мигранти, кои преку Франција сакаат да заминат во Велика Британија, Париз започна политика на разместување на мигрантите на целата територија на земјата за да се олесни притисокот врз одделни департмани, каде бројот на мигрантите и барателите на азил е голем.
Но, овие разместувања не се секогаш по волја на локалното население, посебно во малите населени места кои за разлика од големите француски градови немаат навика да живеат и да се среќаваат со странци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.