Осумдесетгодишната Митра Мирческа од скопската населба Козле, која боледува од склероза, исчезнала од својот дом и последен пат била видена денеска во 14 часот на автобуската постојка на последна 57-ца во населбата Нерези – јави „Плусинфо“.
Таа била облечена во кафеав мантил, темносини панталони, црни чевли и со носела сина торба.
Семејството на Мирчевска ги замолуваат оние што имаат какви било информации да го контактираат на телефонскиот број 071-356-856.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.