| четврток, 6 декември 2018 |

НБГ: Неуспешни преговори би значеле банкрот и напуштање на еврозоната

банка

Евентуално пропаѓање на преговорите на грчките лидери и кредиторите на државата би предизвикало излегување на државата од еврозоната, соопшти грчката Централна банка.

Во соопштение се вели дека „постигнувањето нов договор со нашите партнери е од најголемо значење за спречување на непосредни закани за економијата„.

– Во спротивно, неуспешни преговори би значеле првично грчки банкрот, и излегување на државата од еврозоната и најверојатно и од Европската унија – се додава во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top