| четврток, 6 декември 2018 |

Син брутално го претепал татка си

Седумдесет и пет годишен старец од штипско село бил брутално претепан од својот син, информираат од МВР.

Вчера, околу 11 часот во штипско село, М.Ј.  бил физички нападнат од неговиот син, 40-годишниот Ѓ.М. кој го удирал со дрвен предмет во пределот на главата и телото.

МВР денеска соопшти дека М.Ј. се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top