| четврток, 6 декември 2018 |

Запалено турското знаме во Грција поради „Величествениот султан“

Седум пратеници и над 400 приврзаници на грчката крајнодесничарска партија Златна зора протестираа пред телевизијата Мега во Атина против прикажувањето турски серии. Тие фрлаа со јајца и јогурти врз зградата во која е сместен медиумот.

-Тие дури го запалиле турско знаме за време на протестот што се одржал вчера, Денот на независноста на Грција – објави денеска турскиот весник Хуриет.

Се работи за две турски серии: „Пепел од рози“ и „Величествениот султан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top