| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Ќе ги насочиме вооружените сили кон оние од каде што доаѓа закана

путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е принудена да ги впери своите вооружени сили кон оние земји кои би можеле да ја загрозат и изрази загриженост поради системот за противракетна одбрана во близина на руските граници.

– Ќе бидеме принудени да ги насочиме нашите вооружени сили кон териториите од каде што доаѓа заканата- истакна Путин.

Рускиот претседател по разговорите со финскиот колега Саули Нинисто во близина на Москва нагласи дека најдобрата гаранција за безбедноста на Финска бил нејзиниот неутрален статус.

Путин смета дека мировниот договор од Минск е балансиран и фер и дека Русија не би го потпишала ако не се согласува со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top