На 90-годишна возраст во болница во Анкара почина поранешниот турски претседател Сулејман Демирел, објавија турските медиуми.
Демирел беше шеф на турската држава од 1993 до 2000 година, а претходно петпати беше премиер на Турција.
Во последниот век тој беше една од доминантните фигури во турската политика. Неговите влади двапати беа соборени од власт со државен удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.