Мајка и две деца од Штип се затруле од храна во која имало јајца. Според Центарот за јавно здравје, нивната здравствена состојба е добра и тие се пуштени на домашно лекување.
Директорот Велик Грков апелира во текот на летниот период граѓаните да внимаваат што консумираат, а храната добро да ја обработат и да ја чуваат во фрижидер.
– Овошјето и зеленчукот добро да се мијат со протечна вода, храната да се подготвува термички и да се користи веднаш, а доколку не се конзумира да се стави во фрижидер и да се покрива за да се заштити од инсекти – порача Грков.
Топлото време го зголеми и бројот на пациенти на Одделението за неврологија во штипската Клиничка болница. Во изминатото деноноќие се примени осум пациенти од источна Македонија со преживеани мозочни удари. Лекарите апелираат да не се излегува на сонце од 10 до 17 часот и доколку има потреба да се заштитат граѓаните со капи, очила за сонце и да консумираат повеќе вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.