| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: Синиша Михајловиќ ќе го предводи Милан во следните две години

sinisa mihajlovic

Српскиот тренер и поранешен прославен фудбалер Синиша Михајловиќ од денеска и официјално е прв тренер на клупата на Милан.
Италијанскиот гигант потврди дека Михајловиќ ќе го преводи тимот во следните две сезони со можност за продолжување за уште една година.

sinisa mihajlovic

Михајловиќ претходно беше на клупата на Болоња, Катанија, Фјорентина и на Сампдорија, а беше и селектор на српската репрезентација. Тој во следните две сезони ќе ги предводи „росонерите“. Најавени се и неколку звучни засилувања за Милан за претстојната сезона, со кои клубот од „Сан сиро“ треба да игра видна улога во Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top