| четврток, 6 декември 2018 |

Повредено момче по караница за предност во сообраќајот

Вчера наутро во 08,25 часот во тетовското село Џепиште, 26-годишниот Ш.М. од с. Непроштено, поради претходна расправија во врска со недавање предност во сообраќајот бил нападнат од Г.М.(63) од с.Џепиште, кој со нож му нанел рана во пределот на подлактницата.

Нему му е укажана лекарска помош во Медицински центар во Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top